Студентите се собраа пред МОН, Адеми разговара со деканите зад затворени врати

Студентите од Студентски пленум се собраа пред Министерството за образование откако во последен момент беше откажана дебатата за реформите во високото образование и државниот испит на Педагошкиот факултет. Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми пак, ги прими деканите и професорите на педагошките факултети кои сега дискутираат за образованието зад затворени врати.

2222

Додека новинарите чекаа изјави по завршувањето на средбата, дел од студентите кои околу 13 часот почнаа да се собираат пред Педагошкиот факултет, пеш тргнаа кон Министерството за образование. Друга група студенти кои навреме дознаа за преместувањето на средбата во МОН, веќе ги чекаат пред Министерството.

Од Студентскиот пленум велат дека се револтирани поради тоа што не биле поканети на јавната дебата, игнорирајќи го Пленумот кој организираше два марша со над 10 илјади студенти.

11

Студентите со транспаренти во рацете засега остануваат пред Министерството и остануваат категорично на ставот дека воопшто не сакаат државен испит на факултетите.

„10 ијади студенти кажаа не за државен испит. За што се дебатира овде“, праша Дарко Малиновски од Пленумот.