Студентите од Стоматолошки го одбележаа Светскиот ден на борба против СИДА

По повод Светскиот ден за борба против СИДА, Студентскиот парламент на Стоматолошки факултет одржа едукација за ризиците, начините на пренесување, превенцијата и заштитата од оваа болест. Едукацијата се одржуваше од 10-15 часот, денеска во трговскиот центар Рамстор во Скопје.

Секоја година студентите од Стоматологија, Медицина и Фармација го одбележуваат денот со делење информативни флаери, презервативи и црвени панделки.

Годинава, освен што одржаа едукативна акција, студентите собираа и донации на парични средства, кои ќе бидат дадени на семејство кое има потреба од нив.

По завршувањето на едукацијата во Рамстор, студентите продолжиле со акцијата во Стоматолошката клиника.

Настанот е поддржан од Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни, Рамстор и Асоцијацијата на студенти на медицина на Македонија.