Студенти по медицина изработија видео за тоа како да му се помогне на лице при епилептичен напад

Студентите од Македонската медицинска студентска асоцијација изработија видео со цел да ја едуцираат општата популација како да помогнат на некој кој има епилептичен напад.

„Често поради неподготвеност на популацијата овој напад може да има лош исход“, велат од Асоцијацијата.

Видеото е дел од активностите со кои ќе ја одбележат Неделата на здравје на мозокот. Направено е во соработка со ЈСП Скопје.

Во него учествуваат Дафи Шемов, Емилија Митреска, Симона Николовска, Александра Каранфилска, Мишел Најденов и Бојан Јаневски.