Студенти од Тирана се солидаризираа со македонските колеги

„Вашите причини се и наши причини! Вашиот борбата е и наша борба!“. Ова е пораката објавена на Фејсбук од студентите во Тирана кои денеска преку фотографии и транспаренти дадоа поддршка на студентскиот марш во Македонија. 

Група студенти од студентското движење „За универзитетот“ се солидаризираше со барањата на студентите во Македонија, така што претставници од движењето се сликаа со транспаренти преку кои ја покажаа поддршката.

Студентите од Тирана пренесуваат дека  маршот во Македонија многу внимателно бил проследен.

Претходно, студентите од „За универзитетот“ организираа протести против одлуката на владата да го трансформира Факултетот за рударство и геологија во владини канцеларии за потребите на Министерството за правда.