„Street (sm)Аrts” – повик за работилница за улична уметност

„Street (sm)Аrts” – работилница за улична уметностМладински образовен форум (МОФ) во рамките на Медиа/арт клубот-Скопје отвора повик за учество на работилница за улична уметност. Работилницата ќе се реализира еднаш неделно во периодот од 8 ноември до 27 декември за време на викендите, односно во саботите во 16:00 часот во просториите на МОФ. Едно предавање е во времетраење од два часа.

Целта на работилницата е да соедини млади и креативни луѓе кои имаат интерес за уличната уметност и да им се овозможи учење на основните техники: типографија, калиграфија, илустрација и изработка на шаблони. По завршувањето на работилницата, сите визуелни дела ќе бидат изложени на финален настан – изложба.

Во текот на работилницата, учесниците ќе имаат шанса да работат со искусни предавачи во полето на типографијата, калиграфијата, графити-уметноста и илустрациите.

Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе, а пријавувањето е најдоцна до 6 ноември 2014 година, преку пополнување на пријавата за учество. Напоменуваме дека не е потребно претходно искуство на темата.

Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик. Повеќе информации може да добиете на petar_antevski@mof.org.mk или на 02/3139-692.