Стивен Хокинг ќе патува во вселената со бродот на Ричард Бренсон

Космологот и физичар Стивен Хокинг ќе патува во вселената, благодарение на претприемачот Ричард Бренсон, кој ќе му дозволи да лета со неговиот вселенски брод.

За британските медиуми изјавил дека „никогаш не ни сонувал дека ќе се упати кон вселената“, пред се заради неговата возраст и здравствената состојба.

„Но, Ричард Бренсон ми понуди седиште на Вирџин Галактик, и веднаш кажав да“, вели Хокинг.

Компанијата за патување во вселената на Бренсон, Вирџин Галактик, има цел наскоро да пренесува луѓе во вселената на комерцијални мисии. Тој најави дека ќе го комплетира ова уште во 2009 година, но планот беше одложен од низа проблеми и катастрофи.

Во интервјуто за Good Morning Britain, Хокинг дискутира и за Трамп, кој вели дека е демагог и сега се плаши дека никогаш нема да биде добредојден во САД.

„Негов приоритет ќе биде да го задоволи електоратот, кој не е ниту либерален, ниту добро информиран“, вели.

Го критикува и Џереми Корбин, кој си дозволил да портретира „левичарски екстремист, што не е“. Поради медиумските прикази, вели дека нема голема шанса Корбин да победи на избори, но и покрај тоа ќе продолжи да ја поддржува Лабуристичката партија.