Стипендии за студии во Унгарија – Stipendium Hungaricum

Унгарската влада во 2013 година ја започна програмата за стипендии Stipendium Hungaricum, која е замислена како начин да се зголеми бројот на странски студенти во земјата. Во моментов, отворен е повикот за академската 2016/2017, кога стипендии од оваа програма, финансирана од Јавната фондација Темпус ќе добијат околу 3.000 студенти од редица земји, а можат да се пријават и студенти од Македонија.

Сите заинтересирани за деталите од повикот и за условите за пријавување за оваа програма можат да ја посетат веб-страницата на Stipendium Hungaricum.