Стипендии за пракса во Германскиот бундестаг

Интернационалната парламентарна стипендија (ИПС) на Германскиот бундестаг годишно доделува околку 120 стипендии за млади дипломци од 41 земји.

Ангажирани дипломци со интерес за политика и одлични познавања  на германскиот јазик имаат можност 5 месеци да работат во канцеларијата на пратеник и да се запознаат со Германскиот Бундестаг.

Рокот за испраќање на апликациите е 30 јуни 2015 (info@skop.diplo.de) до Германска амбасада. Програмата трае од 1 март до 31 јули.

Целите на програмата се:

  • Да се промовираат одностите меѓу Германија и земјите учесници
  • Да се зајканат демократските вредноси и толеранција
  • Да се продлабочи разбирањето на културниот вирезитет
  • Да се обезбеди мирен соживот во светот

Апликацијата може да се преземе од  http://bundestag.de/ips, каде може да се најдат и повеќе информации за програмата.