Стипендии за докторанди и универзитетски кадри

Civil Society Scholar Awards (CSSA) стипендираат меѓународна академска мобилност со цел да овозможат на докторандите и универзитетските кадри пристап до ресурси кои потпомагаат социјално ангажирани и критички истражувања. Повикот е отворен за граѓаните од 34 земји меѓу кои и Македонија.

Стипендиите се отворени за следниве академски профили:

·  Докторанди од прифатените области, кои студираат на акредитирани универзитети, во или надвор од нивната матична земја;

·  Академски кадар со полно работно време, лица кои предаваат на универзитети во нивната матична земја;

Стипендијата поддржува краткотрајни, меѓународни академски проекти, како: теренска работа (собирање податоци); истражувачки посети на библиотеки, архиви или универзитети; развој на предмет/програма; меѓународни истражувачки соработки кои водат до рецензирани публикации.

·  Времетраење на проектот: од 2 до 9 месеци
·  Датум на реализација на проектот: 1 август 2016  – 31 август 2017 година
·  Дозволен максимум на барање за стипендирање: Докторанти: 10 000 долари; факултетски персонал: 15 000 долари.

Поднесување на апликации на: https://scholarshipprograms.submittable.com/submit/4830c9ea-ac68-482f-b1b7-de482398a7b5

·  Краен рок за аплицирање: 15 февруари 2016 година.

Предмет на повикот можат да бидат сите области во општествените и хуманистичките науки, но посебно оние поврзани со: право, правда и владењее; одржив развој и менаџмент на природни ресурси; економски права и подобрување на позицијата на сиромашните; јавно здравје, социјална работа и развој на заедниците; право и политики за нови медиуми; инклузивно образование; пост-конфликни студии; и човекови права.

За повеќе информации околу критериумите за аплицирање прочитајте ги деталните насоки и често поставувани прашања, во документите во прилог и на: https://www.opensocietyfoundations.org/grants/civil-society-scholar-awards-20151125

Документите за аплицикацијата може да се преземат ОВДЕ.

За дополнителни инфомрации можете да се обратите на следните контакти: aec@mof.org.mk  или на 02 3139 692 локал 103 или 106 во работни денови во периодот 11.01-15.02.2015 од 10:00 – 16:00 часот.