„Стереотип“ – нов фестивал за аудиовизуелни уметности

„Стереотип“ е настан за аудиовизуелни уметности кој за првпат ќе се одржи на Китино Кале во Кичево.

„Руинираниот остаток од некогашниот ресторан, а подоцна дискотека е избрана локација токму поради неговата улога во минатото, како место кое оставило трага врз културниот живот на градот. Како организација ќе настојуваме да овој настан даде придонес врз опшеството со негова програма која ќе се појавува еднаш во годината“, се вели во најавата за фестивалот.

Овогодишната програма е финансиски создадена од сопствени средства. Според организаторите, единствена цел на овој настан е да се избега од стереотипот.

Најавени диџеј сетовите на HERZEL, Marjan VitorijoskiRobotnixDimitry_MK.

Исто така ќе бидат презентирани и неколку филмови како:

„TOTALLY WIRED”
Документарен филм посветено на злогласената продавницата за музички инструменти во Берлин ‘Schneider’s Buero’ раководена од Andreas Schneider.

„103 – ЉУБОВНО ПИСМО ДО АЛТЕРНАТИВНАТА КУЛТУРА“
Документарниот филм „103 – Љубовно писмо до алтернативната култура“ реализиран од ПМГ рекордингс (Синиша Евтимов, Мирко Попов, Николина Кујача)

И ФАБРИКИТЕ ИМААТ ДУША
Документарно видео арт/фото есеј

Режија: Јане Алтипармаков
Монтажа: Дарко Стефановски
Музика: Игор Василев
Камера: Наташа Гелева
Проект Координатор: Јан Харлан

Организаторите дополнително треба да соопштат на која дата точно ќе се одржува фестивалот.