[Став] Тешко е да признаеш дека си дел од „Фејсбук“ генерацијата

Оливија Брајт е студентка на универзитетот Саутемптон и ги опишува нејзините пет дена без интернет. За ова таа вели дека „на некој начин беше освежувачки“, нешто за што не се надевала.

[Став] Тешко е да признаеш дека си дел од „Фејсбук“ генерацијата

Од помош во студирањето, па до начин за социјализирање, речиси е невозможно студентите да се исклучат од интернет за подолг временски период.

„Тешко е да признаеш дека си дел од ’Фејсбук генерацијата’. Фразата што постојано се среќава во медиумите, вели дека секој што е под 25 години, ги поминува своите денови стуткан пред лаптопот, исклучен од реалноста.

Секако, тоа е претерување. Но, веќе еднаш кога ќе добиете пристап до интернет и социјалните медиуми, станува тешко да се оттргнете. 82 проценти од новите студенти и средношколци во Велика Британија го користат интернетот за сè, од истражување до дружење.

Решив да се обидам да бидам една недела без пристап до интернет за да видам како ќе се справам. Дали мојот социјален живот ќе страда? Како ќе бидам во тек со настаните и трендовите?

Почнав да размислувам дека тоа што ќе бидам една недела „исклучена“ е еден вид повлекување. Во свет заситен со слики, чувствуваме потреба да ја документираме секоја акција во нашиот живот. Неодамна се затекнав самата како ја сликам за на Инстраграм мојата каша за појадок.

Како што напредуваше неделата, почнав да се чувствувам понаспано од едноставна причина што не лежев со часови во мојот кревет за по сто пати да ги проверувам известувањата.

Но, Брајт вели дека овој период се покажа како самонаметнат социјален егзил.

„Успеа ли да земеш билет за претставата?“, ми пиша порака на телефон пријател. „Мислам дека се распродадени. „Немав земено, секако“ – бидејќи претходно било објавено на универзитетската Фејсбук страница.

Исто така, не можев да се приклучам на Скајп да контактирам со пријател кој преку летото студира во Индија. Додека некои се жалат дека интернетот ја намалува интеракцијата во вистинскиот живот, за студентите претставува начин на комуникација со фамилијата, пријатели или познаници низ светот овозможена со само еден клик.

Студентите не го користат интернетот само за дружење. Според Алекс, студент на универзитетот во Бат, интернетот е „составен дел од студентските истражувања“.

„Познавам многумина кои не ја користат нормалната библиотека. Јас дури сметам дека интернетот е неопходен за студентите, ако не денеска, за неколку години сигурно“.

Алекс е во право. Фактите што се користат во есеите сè повеќе се базираат на податоци од интернет, а предавачите и учителите комуницираат со нас преку е-мајл, наместо со пораки испратени преку гулаб.

Моите постари роднини постојано ми кажуваат за тоа како ние сме среќна генерација. Додека јас сакам целосно да прочепкам некоја книга за подготовка на есеј, интернетот овозможува неколкучасовната потрага во библиотека да се сведи на неколкуминутна потрага на Гугл.

Дали донесов заклучок од мојата недела без интернет? – Да. Како студент, речиси е невозможно виртуелно да издржиш подолго време без интернет. Не само што ви недостасуваат дружењата и вашата работа трпи. Сепак, препорачувам повремени исклучувања, дури ако тоа е само за ден два.

Извор: The Guardian