[Став] Сакате да се борите против климатските промени? Имајте помалку деца

Најголемото влијание кое луѓето можат да го имаат во борбата против климатските промени е да има едно дете помалку, според ново истражување кое ги идентификува најефективните начини на кои луѓето можат да ги намалат своите емисии на јаглерод.

Следните најдобри начини се да го продадете автомобилот, да избегнувате долги летови и да станете вегетаријанци. Ова ги намалува емисиите многу повеќе од честите „зелени“ активности, како рециклирање, користење на светилски со мала моќности и сушење алишта на жица. Сепак, акциите кои имаат големо влијание ретко се споменуваат во владините совети и учебниците, откриваат истражувачите.

Јаглеродните емисии мора да паднат на два тони јаглероден диоксид по човек до 2050 година за да се избегне сериозно глобално затоплување, но во САД и Австралија емисиите моментално се по 16 тони по човек, а во Обединетото Кралство по седум тони.

„Има очигледно огромна промена и сакавме да покажеме дека инидивидуитте имаат можност да бидат дел од тоа“, вели Кимберли Николас од Лунд Универзитетот во Шведска, која е една од истражувачите.

Новата студија го покажува влијанието на различните начини, врз основа на компарација. Досега, најголемото влијание на долг рок, е да имате едно дете помалку, што истражувачите пресметале дека е еднакво на намалување за 58 тони јаглероден диоксид за секоја година од животот на родителот.

Бројката била калкулирана преку собирање на емисиите на детето и сите негови потомци, а потоа делење на сумата со бројот на години од животот на родителот. На секој родител му се припишуваат 50% од емисиите на детето, 25% од нивните внуци и така натаму.

„Препознаваме дека ова се длабоко лични избори. Но, не можеме да го игнорираме климатскиот ефект кој нашиот животен стил веќе го има“, вели Николас. „Наша работа како научници е искрено да ги пријавуваме податоците. Како доктор кој кога гледа дека е лошо здравјето на пациентот и можеби нема да му се допадне кога ќе му каже „Пушењето е лошо за тебе“,ние сме принудени да се соочиме со фактот дека моменталните нивоа на јаглеродни емисии се многу лоши за планетата и човековото општество“.

„Во животот, има многу вредности во однос на кои луѓето носат одлуки, а јаглеродот е еден од нив“, додава таа. „Јас немам деца, но тоа е избор за кој ќе разговарам со мојот свршеник. Бидејќи ние се грижиме за климатските промени, тоа сигурно ќе биде еден фактор кој ќе го разгледаме при носењето одлука, но нема да биде единствениот“.

Пренаселеноста е контроверзен фактор во дебатата за климатските промени, а некои потенцираат дека еден Американец е одговорен за 40 пати повеќе од емисиите произведени од некој од Бангладеш, и дека круцијалниот проблем е огромната консумација на добра. Новото истражување доаѓа еден ден откако истражувачите ја обвинија пренаселеноста за „биолошкото униѓтување“ на дивината и започнувањето на масовно истребување на видовите на планетата.

Николас вели дека многу од овие избори имаат и позитивни ефекти, како поздрава исхрана, бидејќи консумацијата на месо во развиените земји е околу пет пати повисока од тоа што препорачуваат докторите.  Почистиот ја вен превоз исто така го намалува воздушното загадување, а пешачењето и возењето велосипед можат да ја намалат гојазноста.

„Ова не е порака за жртвување. Ова е обид за се изнајдат начини да се живее добар живот на начин кој остава добра атмосфера за планетата. Открив дека е многу позитивно доколку се направи некоја од тие промени“.

Истражувачите анализирале десетици извори од Европа, Северна Америка и Јапонија да ги калкулираат „заштедите“ на јаглерод кои можат да ги направат луѓето во побогатите земји. Откриле дека доколку немате автомобил, штедите 2,4 тони годишно, со избегнување на трансатлантски лет штедите 1,6 тони, а преку станување вегетаријанец, произведувате 0,8 тони помалку секоја година.

Овие дела штедат на јаглерод без разлика во која држава живее индивидуата, но други варираат. На пример, преминот на електричен автомобил зависи од тоа колку е „зелена“ електричната енергија во таа држава, што значи дека во Австралија тоа е голем еколошки чекор, но во Белгија се штеди шест пати помалку јаглерод.

Николас вели дека акциите со помало влијание, како рециклажа, сепак вреди да се прават.
„Сите овие нешта се добри. Но, повеќе се почеток, отколку крај. Секако не е доволно за да се справиме со размерот на климатските предизвици со кои се соочуваме“.

Истражувачите откриле дека владините совети во САД, Канада, ЕУ и Австралија ретко ги споменуваат акциите со големо влијание, а само во ЕУ се споменува јадењето помалку месо. Австралија е единствена која советува да си го продадете автомобило. Никој не споменува дека е еколошки да се има помалку деца. Во анализа на учебниците во Канада, само 4% од препораките имаат големо влијание.

Крис Гудал, автор на книги за живеење со мало производство на јаглерот и енергија, вели: „Истражувањето корисно не потсеќа што е важно во битката против глобалното затоплување. Но, на некои начини само ќе го воведе сомнението за политичкото право дека заканата од климатските промени е едноставно алиби за намалување на правото на луѓето да живеат како што сакаат“.

„Намалувањето на населението веројатно ќе ги намали емисиите на јаглерод, но имаме многу други алатки за ставање на глобалното затоплување под контрола“, вели тој. „Веројатно најважно е што намалувањето на бројот на луѓе на планетата би траело стотици години. Намалувањето на емисиите мора да започне веднаш“.

Дејмиен Карингтон, уредник на рубрика екологија на Гардијан

//