[Став] Принс: срамежлив, неконформист и непознат талент

Беше неверојатно надарен, намерно тврдоглав, со неволност кон конформизам која го направи сосема несфатлив, баш како што намеруваше.

Се чини чудно да се присетам сега, но во раните години на кариерата на Принс Роџер Нелсон, имаше такви кои се сомневаа дека некогаш ќе биде успешен.

Јасно беше дека е извонредно талентиран и поседуваше визија за неговата музика која се граничеше со тврдоглавост. Не само што продуцираше, аранжираше, свиреше на секој инструмент и ги компонираше сите песни освен една од неговиот деби албум од 1978 година, For You, туку и успеа некако начин да добие договор со Warner Brothers со кој имаше целосна уметничка контрола, што беше досега нечуено за било кој уметник дотогаш.

Но, беше и чудна, срамежлива, невообичаена фигура, очигледно неволна да ја игра играта на промоција. Неговите интервјуа речиси свесно не откриваа ништо. Едно негово појавување на телевизиската „институција за американска музика“, American Bandstand, беше толкава пропаст што водителот Дик Кларк подоцна го прогласи Принс за најтешкиот уметник кој гостувал во неговото шоу. Како може некој друг кој не сака да ја игра таа игра, да се надева дека ќе успее?

На крај излезе дека Принс добро знаеше што прави, дури и кога изгледаше како да нема идеја. Начинот на кој се однесуваше кога неговата кариера започна во 70-тите, постави шаблон за остатокот од неговиот живот.

Беше пораскошно талентиран и од тоа што ни го кажуваше омотот For You, дека свири на 27 различни инструменти за албумот. Продолжи понатаму и направи безброј албуми во различни музички стилови. Се чинеше дека може да сними сè, од рок и џез до психоделија.

Некои од албумите беа подобри од другите. Неговиот аутпут беше толку пороен што дури ни самиот не можеше да го контролира квалитетот. Но, како и да звучеа, секогаш звучеа како Принс. И беше поинаетлив одошто изгледаше после првиот договор. Во поголемиот дел од 40 години, ја водеше својата кариера според чудна логика која ги зачудуваше дури и неговите најблиски соработници.

Цели албуми беа необјасниво складирани, песни кои би можеле да бидат огромни хитови, затворени во Сефот, легендарниот простор во неговото студио во Пејзли Парк кој наводно е преполн со необјавен материјал. Неговата тврдоглавост во справувањето со издавачките куќи стана толку позната, што во одреден момент ја засени музиката која ја правеше. Веројатно неизбежен продукт на тоа беше да се шета наоколу со натпис SLAVE (роб) на неговото лице, за да протестира против условите во неговиот договор со издавачите.

Но, чудноста и воздржаноста кои ги карактеризираа неговите рани интеракции со медиумите беа сè освен пречка. Ги користеше сосема за негова предност, претворајќи се себеси во митска, непозната фигура во процесот. Неговите интервјуа беа спектакуларно тивки за сè освен за неговата музика. Разви сопствена стенографија со која ги пишуваше песните – u место you, eye место I. Еднаш го замени своето име за симбол. Имаше време кога требаше да го нарекуваме Виктор, или The Artist Formerly Known As Prince.

„Јас сум нешто што вие никогаш нема да го разберете“, пееше во I Would Die 4 U, сингл од албумот кој го направи глобална суперѕвезда, Purple Rain од 1984 година. Тоа не беше хипербола.

Првичниот консензус беше дека Принс е одговорот на Минесота за Рик Џејмс од Мотаун, чија намера е да го доведе R’N’B жанрот во потемен, посексуален правец, реакција на недостаток на инструментите во диско музиката. Џејмс го мислеше истото, обвинувајќи го Принс дека го украл неговиот стил кога беа на турнеја заедно.

И двајцата имаа наклонетост да настапуваат во провокативна облека, и двајцата не се плашеа да инкорпорираат рок влијание во нивната музика. Џејмс велеше дека неговата музика е панк-фанк, а Принс кратко и катастрофално беше на турнеја како предгрупа на Rolling Stones. И двајцата сакаа да се коцкаат со статусот: Џејмс со Teena Marie and the Mary Jane Girls, Принс со The Time и Vanity 6.

Но, во ретроспектива, можеше да се види дека двајцата се скроени од сосема различно платно. Раните албуми на Принс допираа табуа, како да тестираше колку далеку може да оди, со што може да се извлече. Една работа беше да пишува валкани фанк траки кои го вознемируваат озлогласениот Музички ресурсен центар на родители, а сосема друга да пишува песни за инцест. Неговата музичка визија се испостави дека е многу покомплексна. Од неговиот комерцијален успех во 1982 година, во 1999 година имаше вклучено од рокабили до синтетички машин-фанк, тврдеше дека е под влијание на Blade Runner и пијано балади, до поп.

Наредните неколку години, ретко правеше погрешен чекор, без разлика колку невообичаени и да беа патеките по кои решаваше да тргне, продуцирајќи ја можеби најдобрата низа на албуми во 80-тите: Purple Rain, Around the World in a Day, Parade, Sign o’ the Times и Lovesexy. Се чинеше дека е способен перфектно да ги балансира уметничките и комерцијалните аспекти, што никогаш не е лесно да се изведе. Секој албум кој го направи беше експанзивен, експериментален и никогаш ист како својот претходник, но сепак неверојатно богат со хитови. Неговите концерти беа спектакуларни: не само што беше генијален гитарист, туку и одличен изведувач. Освен тоа, никогаш не беше врзан со строгите правила на стадионскиот поп. Сет листите се менуваа и секогаш имаше простор за импровизација.

Lovesexy од 1988 беше последниот албум од неговата безгрешна империјална фаза. Можеби беше деконцентриран, прво од желбата да прави филмови (како што сведочи катастрофалниот Graffiti Bridge од 1990, неговата способност за режирање и глума беше подискутабилна од неговиот музички избор), потоа од неговата долгогодишна караница со Warner Brothers. Хитовите никогаш не „пресушија“ – беше број еден во Британија во 1994 со The Most Beautiful Girl in the World – но, неговите албуми станаа забележливо поразлични. Секогаш имаше фантастична музика во нив (дури и Come од 1994 содржеше песна подеднакво добра колку и Letitgo), само што требаше да се потрудите подобро да ги најдете.

Ако никогаш не успеа да ја врати неверојатната музичка форма во која беше во 80-тите, неговите изведби во живо можеа да ве уверат дека е уметник кој секогаш дава сè од себе. Секој од 21 концерт кој го одржа во Лондон во 2007 беше одлично прифатен, а неговото враќање таму во 2014 со нов женски пратечки бенд наречен 3rdEyeGirl, одржувајќи шоу „набрзина“ во мали сали, беа и медиумски хит и огромен уметнички успех. Ја одржуваше својата кариера во константно движење, секогаш настапувајќи, секогаш со ново протеже, објавувајќи албуми со зашеметувачка фрекфентност, бескрајно досетувајќи се на нови идеи.

Неговото последена турнеја беше најавена и требаше да свири соло, само тој и пијано. „Мора да се предизвикам себеси“, ми кажа минатата година, „бидејќи не сум човек кој сака лоши коментари“.

Одлетав до Пејзли Парк, неговото студио во предградие во Минеаполис, веднаш без да знам зошто, иако знаев дека одеднаш решил дека сака да се запознае со новинарите за да најави европска турнеја. Беше сосема збунувачки, хаотично и чудно. Избра да биде интервјуиран додека седеше над клавирот, со претставници на печатот буквално собрани пред него.

Новинарите не добија многу од него. Ако не му се допаѓаше некое прашање, немо ќе кимнеше со главата и ќе почнеше да ја свири музиката од The Twilight Zone. Сепак добија приказна: иако не ни кажа ништо за себе, дефинитивно ни даде за што да пишуваме. Подоцна таа вечер свиреше, избирајќи свои песни по случаен избор:  Raspberry Beret, Girls and Boys, Something in the Water Does Not Compute. Звучеа неверојатно. Како и секогаш, беше истовремено неверојатно надарен, и сосема непознат – нешто што никогаш нема да го разберете – и човек кој знаеше точно што прави.

Пишува Алексис Петридис, за Guardian