[Став] Медиумите доцна му ги избришаа солзите на ДУТ

Новинарите во овој случај не известија дека токму образованието се политизира и се „економизира“, туку дека Скопје ќе има уште еден универзитет и дека ДУТ ќе биде во втор план. Колку за дополнителна информација, вреди да се спомене фактот дека идејата за основање нов универзитет се роди по потфрлувањето на обидите за реформирање на ДУТ, кој е задушен од партиските кадри.

Кога веќе сè заврши и се донесе одлуката за да се затворат дисперзираните програми на ДУТ во сите градови, медиумите се разбудија од сонот и неактивноста за сензибилизација на јавноста. Сега, за да се пополни информативниот дневник, орото почна да се игра од почеток. Меѓутоа, овојпат со карти на емоции, сочувство и на милост. Тоа што најмногу беше очигледно беше фактот што се известуваше за нерегистрирање на нови студенти, а нималку за судбината на тие што им останаа студиите на средина во тие дисперзирани факултети. Генезата на проблемот извира токму од сочувството за тоа што ќе се случи со студентите и не само со нив (и тие што уште не добиле статус на студент)!

Овој не беше првиот чекор каде згрешија медиумите. Необјективното известување на дел од нив почна од пропагандата на идејата од страна на власта дека ќе се отвори нов универзитет. Новинарите во овој случај не известија дека токму образованието се политизира и се „економизира“, туку дека Скопје ќе има уште еден универзитет и дека ДУТ ќе биде во втор план. Колку за дополнителна информација, вреди да се спомене фактот дека идејата за основање нов универзитет се роди по потфрлувањето на обидите за реформирање на ДУТ, кој е задушен од партиските кадри.

Кога во медиумите се ширеа вестите дека ќе се отвори нов универзитет и на ДУТ ќе му се одземе епитетот „државен“, заедно со затворањето на неколку програми, главно специфични студиски програми, медиумите се дистанцираа од „конфликтот власт – ДУТ“ и се фокусираа само на затворањето на програмите. Не треба да се заборави и пропагандистичкиот пристап, што одредени медиуми, главно електронски портали, го направија со идејата за затворањето на програмите како последица на незаинтересираност. Нивните наслови и написи се правеа намерно и се приготвуваа од анонимни кујни, за власта да ја спаси својата кожа од реалноста – дека долго време имаше прст во ДУТ, а сега се повлече наводно за да почне еден национален проект.

Без разлика што во тоа време министерот за образование и наука извести дека со закон беше тргнат зборот „државен“, ДУТ изгледа не се согласи со оваа одлука. На медиумите не им го привлече вниманието неспроведувањето на оваа мерка, туку се фокусираа на отварањето на двата нови факултети при ДУТ и на затворањето на шесте студиски програми. Овојпат, медиумите известуваа покоректно, со исклучок на дел од порталите, кои како и вообичаено или овој чекор го нарекоа успех на ДУИ или тежок удар за ДУТ направен од власта ВМРО-ДУИ.

Несериозниот и необјективен пристап на медиумите не заврши овде. Кога се знаеше дека ќе се затворат шест студиски програми и сите други дисперзирани програми во градовите како Скопје, Кичево и Куманово, во трудовите на новинарите се зборуваше само за судбината на студентите кои претрпеле штета како последица на затварањето на шесте програми. Во медиумите не се зборуваше каква ќе биде судбината на новите студенти од Скопје, Кичево и од другите градови. Во оваа насока, одговорноста пред публиката и пред јавноста беше под ниво, бидејќи медиумите не беа заинтересирани за јавниот интерес, за тоа што се губи една академска година во многу градови, како и дека многу студенти, наместо Тетово и студирање на мајчин јазик, одбраа други универзитети (претежно тие што имаат можност) или останаа без да се регистрираат на високо образование.

Сега, кога почнаа уписите, ДУТ ги затвори вратите за студентите во другите градови, медиумите повторно се фокусираа на таканареченото „риба во море, тава на оган“, особено кај универзитетот, кој беше најавуван долго време, беа формирани матичните комисии и се очекуваше само формирање на сенатот, избирање на ректор и почеток на уписите. Медиумите во овој случај не беа виновни за неуспехот на овој проект, бидејќи со право и за јавниот интерес го побараа просторот каде што ќе се одвива академскиот процес во тој универзитет. Тенденциозен пристап немаше од медиумите, кои погрешно ја разбрале критиката и ја пренесуваа преку омраза и особено дневните весници и порталите, што ѝ дадоа друга насока и конотација, на идејата за отворање нов универзитет во Скопје. Ова беше во ред поради големиот интерес што го предизвика овој универзитет, но фактот што од кадри што веќе беа заминати од ДУТ се формираше нов универзитет, им избега од агендата на многу медиуми, оставајќи простор за недоразбирање дека овој универзитет е спротивното на ДУТ и дека ќе има повеќе квалитет. Значи, неколкупати, и несакајќи, новинарите станаа пропагандни војници на власта. Дека требало да им се посвети повеќе внимание на затворените дисперзии, признаваат и самите новинари и уредници, кои овие денови бомбардираа со наслови и со текстови за ова прашање.

Јавноста сега е заинтересирана каков ќе биде статусот на студентите што останаа ни ваму ни таму. За разлика од другитепати, кога медиумите се организираа за да информираат околу отварањето на новите програми и на разните факултети, сега треба да се организираат и да ја сензибилизираат јавноста околу излезот од оваа ситуација. Отсега натаму, улогата на медиумите треба повеќе да се фокусира на интересот на студентите на ДУТ, бидејќи за УМТ (Универзитетот „Мајка Тереза“), во етер треба да се отвори посебна дебата, почнувајќи со политизацијата и околу нарушената автономија уште од почетокот од страна на министерот за образование и наука, законските прекршувања во формирањето на матичните комисии, како и кандидатурите за академскиот кадар.

Адриан Керими

Оваа колумна е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Колумната e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на колумната е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).