[Став] Гугл – студентскиот проект кој го промени светот

„Тато, што се случува кога ќе умреме?“. „Не знам, сине. Никој не знае точно“. „А, зошто не го прашаш Гугл?“.

Секако, Гугл не е доволно паметен да ни каже дали има живот после смртта, но зборот „Гугл“ почесто се наоѓа во разговор од „паметен“ и „смрт“, според истражување на Универзитетот на Ланкастер во Велика Британија.

Требаа само две децении за Гугл да ја постигне својата културолошка сеприсутност, од неговите скромни почетоци како студентски проект на Универзитетот Стенфорд во Каролина.

Тешко е да се сетиме колку беше технологијата лоша пред Гугл. Во 1998 година, на пример, ако напишевте „автомобили“ во Лајкос – тогашниот водечки пребарувач – ќе добиевте како резултат страница полна со порнографски содржини.

Зошто? Затоа што сопствениците на порнографските страници ги споменуваа термините како „автомобили“ во минијатурен текст или со бели букви на бела позадина.

Алгоритмот на Лајкос ќе препознаеше многу споменувања на „автомобили“, ќе заклучеше дека страницата би била интересна за некој кој пребарува „автомобили“. Во ерата на Гугл, ова изгледа речиси смешно едноставно.

Но, основачите на Гугл, Лери Пејџ и Сергеј Брин, на почетокот не беа заинтересирани за дизајнирање на подобар начин на дизајнирање.

Нивнот проект на Стенфорд имаше само академска мотивација.

Во академскиот свет, колку често се цитира објавен труд е мерка за неговиот кредибилитет, а доколку се цитира од трудови кои и самите се често цититрани, тоа значи уште поголем кредибилитет.

Пејџ и Брин сфатија дека ако најдат начин да ги анализираат сите линкови на зародишот на светската интернет мрежа, ќе можат да го рангираат кредибилитетот на секоа веб страница за било кој друг предмет.

За да го направат ова, за почетокот требаа да го преземат целиот интернет.

Ова предизвика вчудоневиденост. Одзеде речиси половина од целиот интернет на Стенфорд. Гневните управувачи на интернетот го поплавија универзитетот со поплаки дека колевката на Гугл ги преоптоварува нивните сервери.

Но, како што Пејџ и Брин го подобруваа алгоритмот, стануваше јасно дека откриле многу подобар начин да ја пребаруваат мрежата.

Порнографските страници со минијатурен текст кои велеа „автомобили автомобили автомобили“ не добиваа многу врски од другите страници на кои навистина се продаваа возила. Ако пишевте на Гугл „автомобили“, резултатот ќе беа… автомобили.

Пејџ и Брин за кратко привлекоа инвеститори, а Гугл од студентски проект стана приватна компанија. Сега е една од најголемите на светот, а има приход од десетици милијарди годишно.

Но, во првите неколку години, Пејџ и Брин ги трошеа парите без да знаат како ќе ги вратат. И не беа сами.

За време на „дотком“ бумот, акциите во компаниите на интернет кои бележеа загуба се тргуваа за апсурдни цени, во очекување дека со тек на времето ќе смислат поисплатливи бизнис модели.

Брзина и транспарентност

Гугл го откри својот модел во 2001 година: рекламирање според методот „еден клик, едно плаќање“. Луѓето кои се рекламираа му плаќаа на Гугл за секое кликање на нивната веб страница,откако пребарувале конкретни термини. Гугл ги покажува рекламите на оние кои најскапо плаќаат најгоре, веднаш кај „органските“ резултати од пребарувањето.

Од перспектива на некој кој се рекламира, привлечноста е јасна: плаќаш само кога ќе стигнеш до луѓето кои покажале интерес во она што го нудиш.

Многу е поефикасно од плаќање на реклама во весник. Дури и ако неговите читатели одговараат на вашата демографска целна група, неизбежно е повеќето луѓе кои ќе ја видат рекламата да не бидат заинтересирани за тоа што го купувате.

Не е ни чудо што рекламирањето во весници нагло опадна. Маките на медиумите за нови бизнис модели се очигледно економско влијание на пребарувањата на Гугл.

Но, изумот на функционална технологија за пребарување создаде вредност на многу начини. Пред неколку години, МекКински се обиде да ги наброи најважните нешта.

Едно е штедењето на време. Истражувањата покажуваат дека „гуглањето“ е три пати побрзо од наоѓање информација во библиотека, а овде не е пресметано времето потребно за да се стигне до библиотека.

Слично, да се најде некоја компанија на интернет е околу три пати побрзо на интернет, отколку преку печатен адресар, како на пример Жолти страници (или Златна книга).

МекКинси ги пресметува придобивките на продуктивноста меѓу стотиците милијарди.

Друга придобивка е транспарентноста на цените – економскиот жаргон за способноста да се застане во продавница, да се извади телефонот, да се пребара на Гугл производ кој мислиме да го купиме и да видиме дали е достапен за помала цена, а потоа да го користиме тоа знаење за ценкање. Тоа е здодевно за продавницата, но е корисно за купувачот.

Потоа, тука се ефектите на „долг опаш“. Во физичките продавници, нема смисол да се редат рафт по рафт чудни производи кои ги купуваме ретко. Се фокусираат на ограничен опфат на „бестселери“.

Природен монопол?

Но, пристоен пребарувач прави да биде лесно да се најде иглата во купиштето сено од производи, а тоа го овозможи порастот на онлајн продавниците, кои нудат поголема различност.

Муштериите со специфични желби имаат поголема шанса да го најдат тоа што им треба, наместо да се помират со она што е најблизу до нивната желба, а го има во маркетите. А, претприемачите можат да продаваат поневообичаени производи, со доверба дека ќе најдат пазар за нив.

Сето ова звучи како да е одлична вест, и за потрошувачите и за бизнисите.

Но, има проблем. Гугл доминира со пазарот на пребарување, работејќи со речиси 90 проценти од пребарувањата во цел свет. Многу бизниси зависат многу од нивните органски резултати од пребарување.

А, Гугл постојано си игра со алгоритмите кои тоа го решаваат.

Гугл дава генерални совети за тоа како да бидете успешни во тоа, но не е транспарентен за тоа како ги рангира резултатите, ни најмалку бидејќи тоа би ни ги дало потребните информации за да го научиме системот. Би се вратиле назад кон пребарување на автомобили, а наоѓање порно.

Не треба да барате надалеку онлајн (благодарам, Гугл), за да најдете сопственици на компании и да пребарате консултанти за бизнис стратегија кои ги крцкаат забите поради моќта на компанијата да ги здроби.

Ако Гугл мисли дека користите тактики кои ги смета за неприфатливи, ќе ве спушти подолу.

Еден блогер се жали дека Гугл е „судија, порота и извршител“.

„Ве казнуваат поради сомнежи дека ги кршите законите, а не ни знаете кои се тие правила“, пишува тој.

Да се обидуваме да откриеме како да го задоволиме алгоритамот на Гугл е како да сакаме да задоволиме семоќен, каприциозен и вечно непознат бог.

Можете да кажете дека се додека најгорните резултати на Гугл се корисни за оние кои пребаруваат, мала е можноста дека тие кои се рангирани подолу, и тие чии резултати веќе не се корисни, дека други студенти од Стенфорд ќе го најдат јазот во пазарот и ќе смислат подобар начин. Така?

Можеби, а можеби и не. Пребарувањето беше компетитивен бизнис кон крајот на 90-тите. Но сега, можеби е и природен монопол. Со други зборови е индустрија која е екстремно тешка за втор конкурент да успее во неа.

Причината? Меѓу најдобрите начини да се подобри корисноста на резултатите за пребарување е да се анализира кои линкови биле на крај кликнати од луѓето кои претходно го извеле истото пребарување, како и што истиот корисник пребарувал претходно.

Гугл има многу повеќе податоци од сите други. Тоа покажува дека компанијата може да продолжи да го обликува нашиот пристап до знаењето, за генерациите кои штотуку ќе дојдат.

Пишува Тим Харфорд за колумната „50 нешта кои ја направија модерната економија“, за ББЦ