[Став] Да се биде водител на туристичко шоу е навистина забавно

Како е да се биде водител на туристичко шоу? Дали навистина е интересено да се работи оваа работа, како што изгледа на телевизија?  Одговор на ова дава Janet Hsieh, актерка и телевизиска водителка во Discovery и TLC за Mashable.

-Постојат неколку вида водители на емисии за туризам, а јас можам да зборувам само за она што го правам на моето шоу „Fun Taiwan/Fun Asia“ (на Discovery Travel и Living Channel).

Јас сум платена да го правам она за кое повеќето луѓе ги чуваат своите денови од одморот и тешко заработената плата. И сакам да го кажувам тоа.

Добивам бесплатни нешта. Многу бесплатни нешта вклучувајќи неверојатни искуства, ноќевања во луксузни хотели, тони егзотична храна (иако тоа пoнекогаш вклучува тарантули, стоногалки, црви итн), и запознавам необични и забавни луѓе ширум светот. Исто така постојат и привремени болести кои ме вадат надвор од рутината на неколку часови/денови.

Но, навистина е забавно, како што и изгледа на телевизија. Јас искрено 90% од времето го сакам она што го правам. Се разбира минува и многу време во чекање, но јас се трудам тоа да го искористам за да разговарам со локалното население, да фотографирам и да најдам нешто чудно за јадење. Не треба многу често да ги преснимуваме сцените, па не станува пренапорно.

Навистина е предизвик , да се сретнете со гости, да направите на него или неа да и биде удобно со вас и целиот камермански тим, да го наведете концизно да каже нешто интересно и информативно за неговата област, а потоа сето тоа да го сумирате на камера, а дури и на различен јазик. (На моето шоу, јас зборувам англиски, мандаринско – кинески, тајвански и повремено шпански). Сепак, колку е забавно да се запознаеш со сите овие луѓе и да го видиш светот низ нивните очи? Јас отсекогаш сум верувала дека најдобриот начин да се запознаете со едно место е преку зборување со локалните жители. И секој има своја приказна, и секој човек може да ве научи нешто.

Јас сум многу посмела кога имам тим со камери кој ме следи наоколу бидејќи тогаш имам изговор да кажам

„Ние сме на снимање за шоу на Discovery Channel…” и би била многу поподготвена да се качам на сцена и да направам будала сама од себе пеејќи караоке, или да скокнам со банџи од 70 кат на зграда.

Ако сте доволно среќни го достигнувате нивото на слава кое ви овозможува да добиете екстра топка сладолед, или да добиете карти зад сцената на некој фестивал, па и да се доближите многу поблиску до ајкулите, на пример кога ги хранат на Фиџи.

Сепак, вие секогаш не одбирате каде да одите, што ќе правите или со кого ќе се запознаете. Јас всушност им завидувам на некои водители на туристичките шоуа, кои одат на места на кои што јас не сум била, а сакам да одам.

Требаат од 7 до 14 дена за да снимите епизода од час и половина.Јас поминувам неколку дена подготвувајќи ја пред-продукциската работа и уште неколку дена за пишувањето на транскриптот, па поминувам многу време далеку од дома, од фамилијата и од пријателите. И за мене тоа значи дека постојат можности кои не можам да ги искористам, поради интензивниот распоред на снимања.

Не е важно дали сте уморни. Како домаќин на емисијата треба да имате професионален лик, како и да има смисла она што го зборувате пред камерата. Публиката секогаш знае кога не сте искрени, така што тоа е тешкиот дел, кога сте навистина уморни, целосно незаинтересирани или имате лош ден.

Вашето време не е ваше. Мојот продуцентски тим и мојот менаџер ми кажуваат каде треба да бидам и кога. Јас сум пропуштила тон родендени, концерти, свадби, семејни собири. И нема ништо што може да се направите во врска со тоа. ( Или го присилувате семејството да се собере каде и да сте вие.Тоа понекогаш успева, кај мене.)

Но, не секогаш можете да се жалите за работата, бидејќи луѓето ви враќаат со „Вие ја имате најдобрата работа на светот- Престанете да лелекате.“

Но да резимирам, прилично е закон да се биде туристички водител. Јас си ја сакам мојата работа.