Стапи на сила контроверзниот украински закон за забрана на антивладините протести

Стапи на сила контроверзниот Закон за забрана на протести во Украина. Сепак, насилните демонстрации против овој закон веќе втор ден продолжуваат низ улиците на Киев.  Новиот закон веќе е објавен во службениот весник, а опозицијата и понатаму бара негово повлекување.

Стапи на сила контроверзниот украински закон со кој се забрануваат антивладини протести

Со законите кои украинскиот претседател Владимир Јануковиќ ги потпиша пред неколку дена, се воведуваат затворски казни до 15 дена за поставување шатори или бини на јавни места без одобрение од власта. Со затвор до 5 години пак ќе се дисциплинираат демонстранти кои блокираат влезови на државните згради. Казни има и за оние кои демонстрираат со маски или кациги. Со други одредби пак се забранува, како што е наведено, ширењето клевети на интернет.

Судирите изминатите два дена, се продолжение на двомесечните протести  кои центарот на Киев го претворија во воена зона каде околу 10 000 демонстранти се спротивставуват на безбедносните сили.  Триесетина демонстранти се уапсени, медиумите јавуваат и за голем број повредени, меѓу кои и 26 новинари.
Насилството во земјата каде што демократската „Портокаловата револуција” во 2004 година мирно ги поништи лажираните претседателски избори е без преседан, пишува news24.

Претседателот Јанукович изрази загриженост за состојбата и повика на дијалог и компромис. Состојбата е сериозна и нередите можат да се прелеат во целата земја, додаде Јанукович.