Спортист извози 2500 километри на Raleigh Chopper

Спортистот и личен тренер Dave Sims, измина над 2500 километри возејќи Raleigh Chopper, позната марка на велосипед за деца од 70-тите со единствена цел – да покаже дека не е потребен професионален велосипед за да се победи на трката Tour de France.

Sims ја помина патеката што треба да се извози оваа година на познатата велосипедска трка во Франција. Со овој подвиг, спортистот запраша – што е поважно, дали велосипедот или возачот. Тој помина 117 часа седејќи на карактеристичното седло на велосипедот, иако на 14 етапа од возењето се здоби со повреда и мораше да прескокне неколку фази.

Покрај тоа што со неговиот подвиг се обиде да даде некаква поука, тој изминатиот месец помина илјадници километри за да соберe пари со кои би им помогнал на луѓе со сериозен хендикеп. На крај, Sims успеа да собере многу повеќе пари од предвиденото.