Специјално издание на книгата „Фаренхајт 451“ што мора да се чита со пламен

Во текот на оваа недела беше објавен видеото во кое се гледа специјалното издание на книгата „Фаренхајт 451“ на Реј Бредбери, кое може да се чита само ако се користи пламен. Начинот на читање на ова издание сепак не е инспирирано од главната тема на книгата, цензурирањето, туку пред се е демонстрација на скриените можности на експерименталната работа. Книгата заедно ја изработија лабораторијата „ Anne Petronille Nypels Lab“ и „ Van Eyck Academie“ од Холандија. Таа е испечатена со мастило кое е чуствително на жештина , па оттука на собна температура страниците не може да се прочитаат.