South Park се враќа со нова сезона од септември

Од 16 септември анимираната серија South Park се враќа на малите екрани со нова 19-та сезона, која ќе содржи десет епизоди, синоќа беше соопштено на официјалната Twitter страница на серијата.

Овој месец, каналот Comedy Central го објави договорот за South Park до 2019 година што значи дека култната серија ќе има најмалку 23 сезони со преку 30 епизоди.

„South Park останува темел на Comedy Central и ние сме горди што новите епизоди ќе продолжат да ја забавуваат публиката во следните години“, изјави претседателот на телевизискиот канал, Michele Ganeless.

Неодамна, ко-создавачаот Matt Stone рече дека ќе продолжи да создава нови епизоди се додека серијата е посакувана од публиката.

Со новото продолжение, South Park е третата американска серија која надолго се прикажува, после The Simpsons и Arthur.