Соочување со убавината на природата – изложба на Владимир Темков

„Потрага по смислата на ликовноста, во соочувањето со убавината на природата“ е насловена изложбата на дела од Владимир Темков, која ќе се одржи на 23-ти мај на Галеријата на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, на Педагошката академија.

Изложбата, која е составена од дела од магистерскиот труд на Темков, почнува во 20 часот.

Владимир Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Завршил средно уметничко училиште и Педагошка академија и факултет за ликовни уметности во Скопје. На истоимениот факултет завршува и магистерски студии.

Во својата кариера имал преку 50 самостојни изложби, а со своите дела бил учесник и на голем број ликовни колонии.