„Сонот на вештерката“ – концерт за деца на Македонската филхармонија

Во сабота, 18 февруари во Домот на АРМ во 12 часот, Македонската филхармонија ќе одржи симфониски концерт за деца, под наслов „Сонот на вештерката“.

Диригент е маестро Борјан Цанев, а аниматор ќе биде омилениот актер на децата, Мартин Јордановски.

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе изведе дела од Григ, Дворжак, Сен-Санс, Штраус…

„Сонот на вештерката“ ќе донесе многу изненадувања и преку музика ќе ја раскаже приказната за една добра вештерка која што сонувала сите да ја сакаат.