Сонот на облачето – Интернационален детски фестивал за игра со сенки

Сонот на облачето - Интернационален детски фестивал за игра со сенкиВо просториите на Младинскиот Културен Центар (Сцена Фросина) ќе се одржи тридневниот Интернационален детски фестивал за игра со сенки „Сонот на облачето”. Отворањето е закажано на втори декември со почеток во 19 часот.

Учесници на овој фестивал ќе бидат Практика театар од Москва , Џенгис Озек и неговиот Караѓоз театар од Истанбул, како и теаатарот на сенки Сенки и облаци од Скопје од Скопје.

За време на фестивалот ќе се отвори изложба на фигури од театар на сенки, а ќе се одржуваат и работилници за деца под менторство на членовите на Сенки и облаци. Преку овие работилници на децата ќе им се презентираат различни техники за изработка на кукли (фигури за театар на сенки) од повеќе видови материјали и нивните начини на игра .

Отворањето на фестивалот во понеделнил ќе биде направено со претставата „Ненапишаната прказна” на Практика театарот од Москва. За трети декември освен работилници за деца ќе биде одиграна претставата „Семе“ на Театарот на сенки од Македонија, а најавена е и проекција на претставата Малиот принц. Во среда, на четврти декември со претставата „Чудовиштето од отпадот“, ќе настапат гостите од Турција.  Фестивалот ќе биде затворен со изведба на кратки сцени од работилниците.