Сони патентира леќи со кои може да се фотографира

Сони поднесе апликација за патент за паметни леќи, слични на Google Glass. Во него е опишано нивното функционирање како конектирани леќи кои прават фотографии кога оној кој ги носи трепка. Потоа, фотографијата се испраќа до безжичен уред како паметен телефон, таблет или компјутер.

За да се направат фотографиите, се користи уред како паметен телефон кој „им кажува“ на леќите да направат слика. Но, тешко е да се замисли полесен метод за правење фотографија од трепкањето, оспособено со светлосен сензор на леќата кој детектира движење на капакот на окото, пишува Mashable.

Во патентот пишува и дека леќите ќе можат да зумираат, фокусираат и да ја подесуваат блендата, така што фотографиите можат да бидат со добар квалитет.

Освен тоа, опишано е дека леќите ќе имаат и екран, со што ќе можат да се гледаат направените фотографии.