„Солун – град на духови“ во режија на Унковски освои награда во Сараево

Претставата „Солун – град на духови“, во изведбa на Театарот на Навигаторот Цветко и во режија на Слободан Унковски, го освои највисокото признание, „Сребрена снегулка“ на 32-от фестивал „Сараевска зима“, објави режисерот на својот профил на Фејсбук. Претставата беше одиграна како дел од фестивалот на 2 март во Народниот театар во Сараево.

Претставата, чија премиера беше пред околу една и пол година, според Унковски, била одбиена на домашниот фестивал „Војдан Чернодрински“.

Претставата „Солунн – града на духови, христијани, муслимани и евреи 1430 –1950“ , е објективна хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија. Опфаќа период од турското освојување на Солун во 1430, па се до депортацијата и холокаустот на 45.000 солунски Евреи во логорот Аушвиц.