Софтвер ја „реши“ бучавата од клубовите на Зрќе

Градоначалникот на гратчето Новаља, на северниот дел на хрватскиот остров Паг, Анте Дабо, се чини успеа да го реши големиот проблем со бучавата од клубовите на плажата Зрќе, која со години е најпопуларно место за летните забави на хрватското приморје. Тој на својот мобилен телефон има инсталирано специјална апликација која во секое време од денот и ноќта ги контролира нивоата на звукот од дискотеките.

Софтвер ја „реши“ бучавата од клубовите на Зрќе

Ако некој од клубовите во одреден момент ја прејде дозволената јачина на звукот, системот автоматски го предупредува и ги враќа децибелите на дозволеното ниво. Што е најважно, откако новиот систем е пуштен во пробна работа, престанале бројните поплаки на мештаните и гостите во околните населби, кои се закануваа дека ќе ги продадат имотите и ќе го напуштат островот поради неподносливата деноноќна бучава, пишуваат хрватските медиуми.

Софтвер ја „реши“ бучавата од клубовите на Зрќе

„Системот го инсталиравме на 20 јули и засега сме многу задоволни со резултатите. Во оваа експериментална фаза успешно ја контролиравме бучавата од пет клубови, најмногу во намалувањето на басовите, кои најдалеку се слушаат. Незадоволен сум само со измереното ниво на звукот во 500 метри оддалечената Цаска, каде буќавата се движи меѓу 58 и 59 децивели, што значи дека клубот „Калипсо“ ќе мора да го намали нивото на звукот за еден до два децибели“, вели градоначалникот Дабо, кој и самиот не верувал дека проблемот со бучавата може да се реши.

Во изминатите години, клубовите на Зрќе, кои се во остра конкуренција, се натпреваруваа, меѓу другото и со јачината на звукот кој го емитуваат, па бучавата често достигнувала неподносливи 130 или 140 децибели. Проблемот станал толку голем, што се размислувало и за изградба на ѕидови меѓу клубовите, слично како на Ибица.

Инсталираниот систем, кој градската управа го нарачала од одделот за акустика на загрепскиот Електротехнички факултет е новост во Европа, а за првпат бил употребен во клубови во Англија. Неговата цена изнесува 400.000 куни (53.000 евра).