Собир за поддршка на специјалниот јавен обвинител попладнево пред Собранието

АЈДЕ – Платформата за граѓанска политика ги повикува сите граѓани и граѓанки, денеска во 18 часот, да дојдат пред Собранието на Република Македонија, за да му дадеме поддршка на специјалниот јавен обвинител, но и јавно да му ги соопштиме нашите очекувања“, стои во повикот за настанот објавен на Фејсбук.

„Ние, граѓаните на Република Македонија целосно сме посветени и истрајни во битката за правда, слобода и демократија. Ова треба да му биде јасно на специјалниот јавен обвинител.

Непоколебливо и цврсто ќе ја поддржиме неговата работа, зашто очекуваме премиерот во оставка и неговите соработници, што побрзо да се најдат на обвинителна клупа и да одговараат за сите криминали и злосторства направени во изминатите девет години.

Очекуваме специјалниот јавен обвинител и неговиот тим, да работат целосно независно, професионално, компетентно и ефикасно и да ги процесираат во најкус можен рок криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Оваа власт мора да одговара за своите криминали и злосторства и тоа претставува врвен национален интерес!

НЕМА ПРАВДА – НЕМА МИР“, стои во повикот.