Со проекции од филмови од Димитрие Османли ќе се одбележуваат 90 години од раѓањето на режисерот

Кинотеката на Македонија одбележува јубилеј – 90 години од раѓањето првиот македонски дипломиран филмски и театарски режисер, доајенот на македонската кинематографија Димитрие Османли.

Свеченото одбележување на јубилејот ќе започне утре (29 мај) со почеток во 19 часот, кога се пригодни беседи за Османли ќе се обратат  Александар Прокопиев и Илинденка Петрушева. Одбележуањето ќе продолжи со проекција на филмот „Мирно лето“ од 1961 година.

За вторник (30 мај) е најавено филмското дело на Осланли од 1967 година, „Мементо“. На 31 мај ќе биде проектиран „Ангели на отпад“, ден потоа на 1 јуни во Кинотека ќе се прикажува „Жед“ од 1971 година, а на 3 јуни ќе има избор од документарни и кратки филмови на Димитрие Османли.

Сите проекции започнуваат од 20 часот.