Со позитивна енергија и бескрајно танцување заврши Green Beach Festival во Охрид

Позитивна енергија, многу танцување и забава до утринските часови го означи крајот на уште едно издание на Green Beach Festival во Охрид. Според проценките, на вториот ден од фестивалот присуствувале над 10.000 луѓе, меѓу кои е забележителен бројот на туристи од целиот свет.

Откако во петокот настапот на Fedde Le Grand го запали подиумот, македонскиот диџеј Кирил Џајковски, ТК Вондер и австралијанецот ЕмСи Васп го задржаа интензитетот од првата фестивалска ноќ и воодушевија на нивен начин.

Среќните лица на тие што присуствуваа, неизмерната позитивна енергија и бескрајното танцување во двата фестивалски дена, се вистинската вредност на шестиот Green Beach Festival, сметаат организаторите.

Green Beach Festival прерасна во еден од највозбудливите EDM настани во регионот. Граден по највисоките критериуми на планетарната денс елита, фестивалот докажа дека е возможно во Македонија да се случи журка која ќе се носи со најатрактивните подиуми во светот.

Во продолжение, погледнете дел од синоќешната атмосфера на фестивалот: