Со концертите на Џејмс Блад Алмер и Џанлука Петрела отворен 34 „Скопје Џез Фестивал“

Со концертите на американскиот гитарист, Џејмс Блад Алмер и италијанскиот тромбонист, Џанлука Петрела со џез составот, Космик Ренесас, синоќа, официјално беше отворено 34-то издание на „Скопје Џез Фестивал“. Алмер, кој за првпат настапуваше на фестивалот пред 25 години, вчеравечер, на сцената на Македонската опера и балет, пред посетителите се претстави со својот богат репертоар од песни кои се базираат врз афроамериканската фолклорна музика, со примеси на фри- џез, фанк и блуз.

„Алмер е прекрасен пример за музичар кој се има изградено од американските падури, би рекол и од црнечките традиции и прераснал во еден оригинал кој остана да биде многу влијателен, вели уметничкиот директор на „Скопје Џез фестивал“ Оливер Белопета.

Покрај Алмер, публиката имаше можност да ужива во интимните звуци на меѓународно реномираниот тромбонист Џанлука Петрела, кој за првпат на фестивалот настапи во 2003 година. Тој во текот на годините, со поинаков пристап кон компонирање и аранжирање, постојано ја трансформира својата музика, со што постојано привлекува нова публика.

На првата фестивалска вечер, освен гости од повеќето градови на Македонија, имаше посетители и одстранство. Вистинските љубители на џез музиката велат дека не би пропуштиле ваков фестивал, кој важи за една од водечките културни манифестации во Македонија и се вбројува меѓу водечките џез фестивали во Европа.

„Секако дека сум задоволен од селекцијата на изведувачите, како и нивнатамузика. Веќе три години по ред го посетувам фестивалот, па се надевам дека ќе дојдам пак и во годините што следат. Едвај чекам да ги слушнам и останатите изведувачи“, вели посетител од САД.

„Јас, најискрено, првпат доаѓам, но она што го слушнав многу ми седопадна и би дошла повторно“, додава посетителка од земјава.

Пред почетокот на концертите, во фоајето на МОБ беше отворена изложбата посветена на џез музиката и нејзините икони на словенечката фотографка, Петра Цвелбар.

34-тото издание на Фестивалот ќе трае до 18 октомври.

Христијан Баневски – Roaring sounds