Снемало струја на најголемиот саем за електроника во Лас Вегас

Посетителите на најголемиот саем за електроника и технолошки иновации, кој се одржува секој јануари во Лас Вегас, Невада, ги изненади сменувањето на струја, поради што поголемиот дел од Конгресниот центар остана во мрак.

Поради недостигот од струја биле евакуирани и делови од центарот кој се протега на површина од над три милиони квадратни метри, а пристапот до локацијата за кратко бил ограничен.

Организаторите на синоќешниот собир соопштија дека ја контактирале електродистрибутивната компанија и дека струјата дошла по два часа.

Причината за сменувањето на струја се уште не е позната. Засега се претпоставува дека е поради силниот дожд.

Просторот за тоа време бил осветлен само од некои лаптопи кои имале батерија.

На саемот за технологија преовладуваат роботи, дронови и паметни уреди.

Секако, овој случај предизвика голем број шеговити коментари на социјалните мрежи.