Словенија уставно ќе го гарантира правото на питка вода

Уставната комисија на словенскиот парламент одлучи дека во уставните промени кои ќе ги воведат годинава, во Уставот ќе се воведе и правото на граѓаните на пристап до питка вода, која е јавно добро и не смее да се комерцијализира.

Со предлогот се согласиле поголем дел од пратениците, па одредбата веројатно ќе биде внесена во Уставот во текот на идните уставни промени.

Предлогот го поттикнала поранешната премиерка Аленка Братушек, сега пратеничка на помалата, опозициона Социјално-либерална партија. Таа образложила дека потребата на заштита на јавниот интерес пред можната комерцијализација на снабдувањето со вода и опасноста изворите на вода да станат сопственост на мултинационалните компании.

„Водата е извор на живот и стратешка сировина без која нема развој. Словенија има доволно питка вода, но не сме доволно свесни колку е таа важна“, рекла Братушек, изразувајќи надеж дека Словенија ќе биде една од првите држави кои изборите на вода и правото на пристап до тоа природно добро ќе го заштити на највисоко правно ниво.

Според прифатениот предлог, питката вода претставува јавно добро, а не стопанска роба, па затоа треба да се заштити. Уставот ќе гарантира дека снабдувањето на жителите и домаќинствата со питка вода е должност на државата. Водоснабдувањето е јавна служба со која преку непрофитни претпријатија ќе управува државата, која своите права може да им ги препушти на локалните заедници. Со тоа би се спречила комерцијализација, и би се обезбедил слободен пристап до изворите на питка вода за сите.

Извор: h-alter.org