„Слободен софтвер“ се бори женски

„Слободен софтвер“ се бори женскиСлободен софтвер – Македонија, Бори се женски и хаклабот КИКА на 20 февруари (среда)  организираат презентација на програми за пракса за жени и девојки.

Во време кога светот на технологијата е претежно окупиран од мажи, а во областите како слободниот софтвер учеството на жените е уште помало, програмите како Gnome Women Outreach, Google Summer of Code, Etsy Hacker Grants: Supporting Women in Technology итн., се обидуваат да отворат врата повеќе кон оваа област за жените.

Организаторите ќе споделат лични искуства од учеството во овие програми, но и како изгледа и што значи да си жена во IT-секторот. Ќе бидат споделени и практични упатства за тоа како да се приклучите и да станете дел од програмите за пракса и да придонесете во развојот на слободниот софтвер, а притоа да ги развиете своите вештини во областа на програмирањето, дизајнот, маркетингот и пишувањето документација.

Програмата е отворена за сите девојки и жени кои имаат предзнаења од програмирање и дизајнирање, а доколку немаат, можат да се приклучат преку преведување, пишување документација, маркетинг и активности поврзани со развивање на капацитетите на заедницата.