„Скопје винил конвенција“ во МКЦ

Во МКЦ декеска од 12 часот ќе одржува првата винил конвенција. На настанот „Скопје винил конценција“ се најавени работилници, перформанси, изложување и размена на плочи со голем број на колекционери од регионот.

„Плочата е повторно во мода! Избришете ја прашината од старите плочи во подрум и дојдете на првата винил конвенција во Македонија!“, велат организаторите на настанот – Фанки Фреш и МКЦ.

На конвенцијата се најавени и музички продавници и изложувачи од Македонија, Србија и Бугарија, а свои сетови ќе имаат повеќе локалне диџеи, но и Литл Лу, Цека и Функи Џанки од Србија, Моно од Подгорица, Павлов Вакс од Грција и бугарскиот Диџеј Скилс.

По конвенцијата, најавена е „after party“ забава од 22 часот со германецот Марк Хајп и бристолскиот Бока 45. Во овој дел, свој диџеј сет ќе имаат и Бдат Џутим, Чваре, Доктор Смеџи Шеќер, Гоце, Ајрон, Џопа и Кул С.

Влезот на конвенцијата е слободен, додека влезницата за вечерниот настан е 300 денари во претпродажба и 500 денари на врата.