Скајп не работи, корисници се жалат

Популарната апликација за комуникација Скајп од утрово не функционира во делови од светот. Голем број корисници во моментот се жалат дека не можат да се логираат на социјалната мрежа.

„Ние сме преоптоварени во моментот. Ве молиме обидете се подоцна, или снимете го Скајп за да го користите во секое време“, напиша компанијата на својата официјална веб-страница.

На својот Твитер профил пак, компанијата соопшти дека се работи на решавање на проблемот. Меѓутоа, ова предизвика загриженост кај корисниците низ целиот свет. Дел од нив не можат нормално да го водат својот бизнис, други пак, се спречени да се видат со своите најблиски.

Ова не е првпат социјалната мрежа да не работи. Во изминативе години, Скајп постојано имаше проблеми со серверот, поради што апликацијата не беше во функција неколку дена.