Скајп денеска го воведува „симултаниот преведувач“

Долгонајавуваната опција „преведувач“ на една од најпопуларните алатки за комуникаија на интернет, Скајп, ќе почне да станува достапна денеска, најави компанијата Мајкрософт, во чија сопственост е Скајп. Новата опција ќе им овозможи на корисниците симултан превод на текст и говор, што значи дека соговорници кои зборуваат на комплетно различни јазици, отсега ќе можат да комуницираат без пречки.

Сепак, „Скајп преведувачот“ ќе биде ограничен, односно достапен само за корисниците на Windows 8.1, и тоа само оние кои се најавени на оваа специјална страница. За почеток, симултаниот превод за говор ќе биде достапен на англиски и шпански јазик, а преводот на текст – на 45 јазици.

Технологијата вклучува алгоритам за самостојно учење и надградување, што значи дека преводот би требало да станува подобар со времето. Опцијата е тестирана во училишта во САД и Мексико, како што може да се види во ова видео:

Извор: TechCrunch