Симулација на судење за дискриминација на млади со попреченост

Утре, со почеток во 18 часот, во просториите на Кино Култура, членовите на програмата Учиме право при Младинскиот образовен форум организираат симулацијата на судење на случај со дискриминација во образовен процес.

Двочасовниот настан ќе има за цел да ја запознае јавноста, а особено младите, со дискриминацијата – во овој случај онаа која се случува врз основа на попреченост во развојот. Преку симулацијата присутните ќе можат да се запознаат со парничната постапка, нејзиниот тек, и нејзината функција како механизам за заштита од дискриминација.

„Ги покануваме сите ученици, студенти, млади, родители, наставници, професори и претставници на невладини организации да ни се приклучат во оваа симулација, да видат во живо како изгледа едно судење и да се запознаат со правните решенија за спречување на овој вид на дискриминација“, стои во поканата за настанот.

Симулацијата е дел од проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“ поддржан од страна на Британската амбасада во Македонија. Симулацијата ќе ја изведат средношколци, членови на Учиме право програмата на Младински образовен форум. Преку оваа симулација и сензитивизирање за дискриминацијата врз лицата со попреченост, организаторите се залагаат да обезбедат еднаков третман и пристап до образование за сите.

Влезот е бесплатен.