ШОК фестивал – студентски настан на УКИМ

Шок фестивал“ е името на четиридневниот студентски настан кој ќе се случува од 22 до 25 април во Скопје, на платото пред универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на Филозофскиот факултет.

Според организаторите, студентската културна иницијатива „Отворен куфер“, називот на фестивалот е кратенка од „Штрајк на отвореиот куфер“, а настанот е форма на штрајк против „монотонијата, сивилото и апатичноста која владее на нашите факултети“. Фестивал има за цел да ја пренесе пораката за недостаток на студентски културен живот и потребата за независен студентски простор кој ќе биде гнездо за размена на идеи, искуства и интеракција меѓу младите, велат организаторите.

Студентите ќе имаат можност да учествуваат во работилница за изработка на фанзини, да бидат дел од отворената дискусија со Студентскиот парламент на Филозофскиот факултет, како и да разменуваат книги. Како дел од ШОК фест, предвидена е и изложба на платото пред УКИМ,  работилница за ораторствопоетско и прозно читање, како и работилница за пиво.

Погледнете ја комплетната програма на ШОК фест.