Шкотски весник ја најави инаугурацијата на Трамп како епизода од „Зона на самракот“

Шкотскиот дневен весник Sunday Herald вчера ја најави инаугурацијата на Доналд Трамп на оригинален начин.

Имено, венсикот го вклучи настанот во телевизиската програма, на неконвенционален начин: настанот е опишан како епизода од хорор научно-фантастичната серија „Зона на самракот“.

„После долго отсуство, „Зона на самракот“ се враќа со една од најамбициозните, скапи и контроверзни продукции во историјата на телевизијата. Писателите на научна фантастика долго време се занимаваа со алтернативни историски приказни – меѓу најпознатите е темата „Што ако нацистите победеа во Втората светска војна“, но ова е огромен интерактивен проект со виртуелна реалност, кој ќе се одвива во живо на телевизија, во печатот и на Твитер во наредните четири години, а ќе постави алтернативна тековна сегашност. Приказната почнува со кошмар-верзија од 2017 година, во која огромни делови од електоратот на САД од некоја причина одлучиле да го изгласаат Доналд Трамп за претседател. Иако изгледа нереалистично, и е, како што тече настанот, станува сѐ пострашно и повозожно. Првата долгометражна епизода се фокусира на инаугурацијата на претседателот Трамп, и протестите и очајот кои го придружуваат церемонијата. Се работи за епизода со маани, но и вознемирувачки поглед кон хоророт кој може да нѐ снајде ако не сме внимателни“, пишува во „синопсисот на епизодата“.

Инаугурацијата на Трамп ќе се одржи на 20 јануари, во петок, и покрај тоа што новоизбраниот претседател не може да најде музичари кои сакаат да настапуваат на церемонијата. Засега, на реперотарот ги има само Mormon Tabernacle хорот, финалистката на America’s Got Talent Џеки Еванчо и „трибјут бенд“ кој свири музика на Брус Спрингстин.