Шесто издание на Вечери на женски права

Со прикажување на документарни филмови и организирање на дебати на теми поврзани со родовата еднаквост и правата на жените, од 2-6 март ќе се одржи шестото издание на Вечери на женските права.

Според организаторите, настанот има за цел да понуди  културна алтернатива на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, осми март, така што  се провоцира критичка мисла, размислување, дијалог и осврт на постојните нееднаквости помеѓу мажите и жените во општеството.

Манифестацијата започна да се одржува по иницијатива на канцеларијата на UN Women во Скопје, во соработка со Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет во Скопје и Универзитетот за аудиовизуелни уметности.

Оваа 2015 година, Вечерите на женски права се во духот на одбележувањето на 20 годишнината од Четвртата светска конференција за правата на жените во Пекинг и донесувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција.

На настанот учествуваат студенти, аналитичари, активисти за женски права и родова еднаквост, професори, преставници од институции, невладини организации, филмски режисери, граѓани и граѓанки на град Скопје и пошироко, а е отворен за сите кои имаат интерес и волја да се приклучат.

Целата програма на настанот е достапна на овој линк.