Шесто издание на саемот за стипендии „Study Abroad“ на 24 октомври

Шестиот по ред настан „Стипендии ЕКСПО – Study Abroad 2015“ ќе се одржи на 24 октомври во хотелот Континентал во Скопје. Во периодот од 10 до 16:30 часот ќе се презентираат голем број можности за студии во странство и стипендирање од страна на повеќе реномирани универзитетите. Меѓу институциите учесници се универзитети, амбасади, културни центри и образовни институции од странство.

„Стипендии ЕКСПО – Study Abroad“ се состои од два елементи: сала за изложувачи (универзитети и институции кои доделуваат стипендии) каде ќе бидат презентирани нивните студиски и стипендиски програми директно на посетителите на настанот. Истовремено во одделна просторија на секои 30 минути ќе се одржуваат презентации на програмите од страна на учесниците, стипендиите кои ги нудат и останатите видови финансиска помош за високото образование. Програмата за презентациите на овогодинешниот настан ќе биде достапна на влезот на настанот и на веб порталот www.stipendii.mk / www.scholarships.mk.

Оваа година спонзори на манифестацијата Стипендии ЕКСПО 2015 се: Universita Cattolica del Sacro Cuore, Swiss Education Group и American College of Thessaloniki. Нови учесници оваа година се Ashbury College од Канада, HUMBER Institute of Technology and Advanced Learning од Канада и EAE Business School од Шпанија.

Влезниците за Стипендии Експо – Study Abroad 2015 се бесплатни се добиваат на самиот влез на манифестацијата. Својата посета може да се најави и електронски.

 

Програмата на презентациите е следна:

10:00 – 10:30 Универзитет Виндзор, Канада

Тема: Образовни можности и стипендирање

10:30 – 11:00 Перотис Колеџ, Солун, Грција

Тема: Образовни можности и стипендирање

11:00 – 11:30 Ешбури Колеџ, Канада

Тема: Образовни можности и стипендирање

11:30 – 12:00 ААС Колеџ, Солун, Грција/ Универзитет Централен Ланкшир, Велика Британија

Тема: Образовни можности и стипендирање

12:00 – 12:30 Политехнички универзитет Милано, Италија

Тема: Образовни можности и стипендирање

12:30 – 13:00 Универзитет Католика Милано, Италија

Tема: Образовни можности и стипендирање

13:00 – 13:30 Амбасада на Канада

Тема: Образовни можности и стипендирање

13:30 – 14:00 Централноевропски Универзитет Будимпешта – ЦЕУ, Унгарија

Тема: Образовни можности и стипендирање

14:00 – 14:30 Американски Колеџ од Солун, Грција

Тема: Образовни можности и стипендирање

14:30 – 15:00 ЕАЕ Бизнис Школа, Шпанија

Тема: Образовни можности и стипендирање

15:00 – 15:30 Хумбер Институт за Технологија и Напредно Учење, Канада

Тема: Образовни можности и стипендирање