Шесто издание на „До зора“ во Делчево со променета локација

Овој викенд се одржува шестото издание на фестивалот за транс музика во Делчево „До зора“. Овој пат, настаните ќе се одвиваат на променета локација, во близина на градскиот стадион, кај поранешниот клуб „Космос“.

Влезот за фестивалот чини 200 денари преку ден, а по полноќ се зголемува на 300 денари, со тоа што и годинава е овозможена опцијата за кампување.

Во годинашната програма потврдени се настапите на DJANTRIX [ DIGITAL OM ]SPIRIT ARCHITECT [DARCU RECORDS]KODRA [SCI FI PRODUCTION]DALTON [ GREEN SPIRIT, TIBIDI CREW]DEA PURPUREA [GLOWING FLAME RECORDS]MODUAL и BLENDIMORE.

Фестивалот за првпат се одржа во 2012 година, во делчевското село Стар Истевник, каде се собираа по стотина млади. Но, поради големиот интерес, фестивалот две години се одржуваше кај локалитетот „Кула“ во село Чифлик.