Шеикот на Саудиска Арабија смета дека шахот е против исламот

Големиот муфтија на Саудиска Арабија, шеик Абдул Азиз бин Абдула изјави дека шахот се коси со начелата на исламот, велејќи дека оваа игра ги охрабрува луѓето да се коцкаат и да трошат време. Неговиот став го соопшти за време на телевизиско шоу во кое даваше негови мислења за религиски работи, на прашања на публиката.

Тој рекол дека шахот „се смета за коцкање“ и дека „е трошење време и  пари, а создава и омраза и непријателство меѓу играчите“

Шеикот ја оправда одлуката цитирајќи дел од Куранот, каде се вели дека е забрането „опиум, коцкање, идоли и гатање“. Шахот е забранет и во Ирак, а во Иран по Исламската револуција во 1979 година, играњето шах во јавност беше забрането и прогласено за грев. Но, во 1988 година, главниот лидер на Иран ја повлечи забраната и дозволи да се игра се додека не се користи за коцкање. Денес, Иран има активна конфедерација за играње шах и праќа играчи на интернационални турнири.

Ова не би било првпат Саудиска Арабија да усвои ваков закон. Во 2000 година, Саудиска Арабија ја забрани франшизата за Покемон, а во случај да се усвои зи оваа абрана, шахот ќе стане дел од многу други ситни пороци како што е музиката, кои се забранети поради верата.