Шарената револуција тргна кон АВРМ – Младите си отидоа, партијата се вработи

„Младите си отидоа партијата се вработи“, пишува на платното кое денеска го носат низ Скопје демонстрантите од Протестирам. Денеска мета на демонстрантите е Агенцијата за вработување – АВРМ.

Голем број граѓани е денеска се собраа во 18 часот пред СЈО, од каде тргнаа да го изразат својот револт од лошите политики за вработување и социјалната неправда.

Протестите траат повеќе од еден месец во Скопје, а во меѓувреме се интензивираат и низ повеќе градови во земјата. Поради боењето на барокните објекти и нефункционалните институции, станаа познати под името Шарена револуција.

Демонстрантите бараат оставка на претдедателот Ѓорѓе Иванов и поништување на општата аболиција за политичарите која тој ја потпиша пред еден месец , одложување на изборите од 5 јуни, уставно признавање на СЈО, но и вклучување на граѓаните во разговорите за излез од политичката криза во која се наоѓа Македонија.