Шарена револуција во Скопје со порака: Нема да ви помине!

Со поддршка за обвинителките пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство во Скопје и денеска во 18 часот започна протестот на движењето Протестирам, по што демонстрантите продолжија кон Министерството за правда и Собранието на Република Македонија.

На главното платно кое го носеа со себе, тие ја испишаа паролата „Нема да ви помине!“, заедно со познатитет хаштагови #Протестирам #ШаренаРеволуција и #Protestoj, под кои на социјалните мрежи се шират информациите за протестите што повеќе од еден месец секојдневно се случуваат во земјава.

Дождот не ги спречи граѓаните и декаска да ги понесат балоните со боја кои летнаа кон Министерството за правда, за оттука протестот да се пресели пред Собрание.

Демонстрантите ги повторија своите барања и најавија дека протестите нема да престанат се до нивно исполнување. Повлекување на аболицијата и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, уставно признавање на СЈО, вклучување  на граѓаните во решавање на политичката криза, но и формирање техничка влада се до исполнувањето услови за фер и демократски избори се дел од барањата на Протестирам.