[Видео]Шарена Револуција: Активиран големиот рачен катапулт кон Собрание, боја и врз Триумфална

Големиот рачен чатал или попознат како катапулт денеска беше активиран од демонстрантите на неформалното движење Протестирам, во обид балоните со боја да стигнат до Собранието на РМ.

Обоена беше и Триумфалната капија.

Со пораката „Молкот еднаков на смрт“,  илјадници граѓани се собраа пред СЈО, од каде продолжија кон законодавниот дом.

Тие порачуваат дека нема да прифатат еднопартиски избори, со оглед на фактот што за изборите закажани на 5 јуни, ВМРО ДПМНЕ е единствената партија за која што може да се гласа.

По боењето на Собранието, демонстрантите продолжуваат кон Влада. Голем дел од присутните пораките кои денеска ги носат на транспарентите ги посветија на Светскиот ден против хомофобијата IDAHO 2016.

Со протестите бараат одложување на изборите се додека не се создадат услови за фер и демократски избори, како и во меѓувреме формирање преодна влада која ќе ги спроведе реформите на Прибе. Во низата барања со протестите се и поништување на аболицијата потпишана од претседателот Ѓорѓр Иванов и негова оставка, уставно признавање на СЈО, вклучување на граѓаните во преговорите за излез од кризата.