Семафорите во Лондон ќе ги препознаваат велосипедистите

Новите семафори во Лондон ќе бидат во можност да ги препознаваат велосипедистите и да ги приспособат според сообраќајот со цел да се зголеми нивната сигурност.

Безбедноста за велосипедистите во главниот град на Англија е под интензивен надвор во последниве неколку недели, откако шест велосипедисти беа убиени оваа година. Несреќите се случувале при судир со камиони.

Со новите семафори се очекува да им се даде повеќе време на велосипедистите, во обид да се избегнат понатамошни несреќи и проблеми. Пробните семафори поставени на една од најпрометните улици каде поминуваат велосипеди го покажуваат бројот на велосипедисти кои патуваат по рутата.

Семафорите користат радар и термална опрема што ја мери топлината и ефикасноста на велосипедистите откако ќе навлезат во зоната за детектирање.

Лондонските власти ќе извршат три дополнителни испитувања и со користење на податоците од детектирањето, властите планираат сообраќајните знаци да ги одразуваат потребите на велосипедистите.