Сексуалната работа во Шведска 16 години по нејзината декриминализација

Дали сексуалната работа сама по себе е експлоaтаторска? Или може да се подобри за да се зголеми слободата и еднаквоста на сите што се вклучени во неа? Западните земји дебатираат за ова прашање долги години.

Иако глобално е прифатено дека сексуалната работа е опасна за сексуалните работници доколку тaa не е регулиранa, таму исто така е широко распространето и несогласувањето околу тоа дали оваа дејност може да се реформира за да се заштитат работниците или целосно да се укине.

Во обид за реформирање, некои земји во Европа ја легализираа праксата и се обидоа да ја легитимираат како професија. Во 2001 година, Германија донесе закон со кој сексуалните работници се третираат како и работниците во која било друга индустрија, што им овозможува да тужат за поголеми плати, но и да имаат целосен пристап до здравствено осигурување, пензија и слично. Сепак и денес злоупотребата и трговијата со луѓе останува голем проблем во Германија. Напливот на сексуални работници ги намали платите и работните стандарди. Борделите се во подем. Во 2013 година, германското списание „Der Spiegel “ напиша дека добронамерниот закон за субвенција на макроата е загрижувачки.

Но, некои нордиски земји, предводени од Шведска, бараат неконвенционални начини за елиминирање на индустријата на сексуална работа. Неколку години пред Германија да ја легализира сексуалната работа, во Шведска се создаде парадигма во која продавањето секс не е казниво, но купувањето е. Овој декриминирачки модел има произведено некои импресивни резултати во намалувањето на трговијата со луѓе и проституција, но помина без контроверзи.

Нордиски модел : Во 1999 година, Шведска ја оддалечува традиционалната кривична одговорност од сексуалните работници. Да платиш секс е казниво дело, додека да бидеш платен за секс – не е. Во деценија и половина откако шведскиот закон стапи на сила, сексуалната работа и трговијата со луѓе драстично опаднаа. Според шведското Министерство за правда, сексуалната работа низ целата земја е преполовена. Цената за секс во Шведска е највисока во Европа. Сексуалните работници наводно се поорганизирани отколку во Амстердам, каде што сексуалната работа е легална. Загриженоста е дека законот ќе доведе до зголемување на насилството врз сексуалните работници, но според извештајот на владата во 2010, нема докази дека ова се случува.

„Нордискиот модел не е само закон, тоа е сеопфатен модел“ – вели новинарката Megan Murphy за „Mic“ која надолго и нашироко има пишувано за меѓународните закони за сексуалната работа.

„Тој е единствен,  вклучува силна социјална држава, излегува во пресрет на жените кои сакаат да ја напуштат индустријата, ги преквалификува полициските службеници за да разберат дека сексуалните работнички се жртви, а не криминалци“, вели Murphy.

За една деценија откако Шведска го увиде успехот во намалување на сексуалната работа и трговијата со луѓе, Норвешка и Исланд го усвоија овој модел.

Модерниот закон за сексуалната работа во Шведска има корени во одредени феминистички толкувања, односно – неговото постоење е производ на родовата нееднаквост. Владата ја промени својата правна реторика за сексуалната работа како трговија која ги виктимизира нејзините учесници.

Шведската новинарка Kassja Ekis Eckman ги истражуваше корените на законот како дел од истражувањето „Шведска“ во 1970, кој се раководеше од нов аголсексуалните работници да почнат сами да зборуваат за своите животи.

Истражувањето е револуционерно во својата амбиција да се движи надвор од табу темата и да се фокусира на вистинската социјална динамика на сексуалната работа. Според извештајот на Murphy во 2014 година во списанието „Herizons“: „наместо кон сексуалната работа да се приближуваме како прашања на морални девијации, како што се правеше во минатото, истражувачите, активистите за правата на жената и социјалните работници се префрлија на дијалог за да се фокусираат на социјалната нееднаквост. “

Колку догматски и да изгледа тоа, сепак застапниците на шведскиот модел не ги спорат апстракните принципи дека повеќето сексуални работници не ја сакаат таа работа и повеќето од нив доаѓаат од ранливите реони. Една студија покажа дека 89% од сексуалните работници сакаат да ја напуштат оваа индустрија, но немаат други опции и можности за преживување и дека двотретинското исполнување на критериумите за пост-трауматски стрес е еднакво на она за лекување на виетнамските ветерани и жртви на тортура или силување, забележува Max Valtman од Стокхолмскиот Универзитет.

Тоа покажува дека и покрај благородните намери, легализацијата обично ја зголемува вкупната трговија.

„Нордискиот модел е повеќе од менување на законот. Тоа исто така е и идеја, менување на културата која треба да се смени колку што треба и законодавниот пристап“ – изјави Марфи за „Mic“.

„Она што нордискиот модел и ние, неговите подржувачи, го кажуваме е дека мажите немаат право на пристап до женските тела, дури и кога плаќаат.“

Шведското искуство се уште не е универзално прифатено, но не остана без голем број критичари. Истражувањето од страна на нацијата покажува дека во општествата во кои сексуалните работници се сметаат за жртви на законот, се соочуваат со уште поголема стигма кога ќе ги фатат. И покрај фактот што кривично – правниот систем во Шведска е направен за да ги заштитува сексуалните работници, односот на полицијата и властите не е таков, па во последно време често се случува и старателството над децата да биде проблематично.

Според Rue Jakobsson, сексуален работник во Шведска и координатор на „Rose Aliance“ , организација на сексуалните работници во Шведска, важно е да се запамти дека експлоатацијата на работниците не е само во сексуалната работа, туку и во секоја друга индустрија.

Кампањата Јакопсон во корист на декриминализацијата над сегашниот модел на Шведска се води од убедувањето дека законот не е толку ефикасен колку што им изгледа на луѓето.

Шведското верување дека сексуалната работа е најбруталниот начин на патријархатот произведе еден вид патернализам, за сексот во кој мажите се одговорни за своите акции, под претпоставка дека не можат да бидат и жените. Ова ја брише можноста за сиви зони за мажите и жените да бидат еднакви партнери во размена на пари за сексуални услуги. Оние сексуални работници кои се во можност доброволно да постигнат безбеден однос со своите клиенти, разбирливо се фрустрирани од ова. Но, ако присутноста на трговијата со луѓе и насилството во индустријата се некаква индикација, не е јасно дали ваквите сценарија се лесни да се создадат и заштитат во светот каков што е денес.