Сефот со стотина необјавени музички албуми на Принс е обиен од полицијата

Познатиот сеф во домот на Принс во Пејсли Парк, за кој се смета дека содржи најмалку сто албуми со необјавен материјал, беше присилно отворен од страна на полицијата.

За сефот се верува дека е огромна соба која се наоѓа под имотот, а во неа има полици со музика од Принс. Според ABC, во имотот има доволно материјал за да се објавува по еден албум секоја година од наредниот век.

„Еден ден, некој ќе ги објави. Не знам дали јас ќе бидам тој“, рекол Принс во интервју за The View за неговиот сеф, во 2012 година. „Ги има премногу“, додал.

Моментално, за имотот на Принс одлучува Бремер трустот, бидејќи музичарот не оставил тестамент. Сé уште не е познато дали музиката ќе биде објавена.

Во меѓувреме, причината за смртта на Принс сé уште се истражува. Истрагата покажала дека можно е да станува збор за предозирање од дрога.