Седмо издание на европскиот БЕСТ инженерски натпревар

БЕСТ Скопје го најавува седмото по ред издание на ЕВЕC (European BEST Engineering Competition) – најголемиот инженерски натпревар во Европа. Тој ќе се одржи од 16 до 18 февруари во просториите на кампусот на техничките факултети под слоганот „Awaken the engineer within”(Разбуди го инженерот во себе).

Натпреварот ќе се одвива во текот на три дена од кои првиот ден е резервиран за формуска расправа и свечено отварање, додека вториот и третиот ден, за натпреварувачките денови за Case study и Team design.

Во категоријата Case study на учесниците ќе им биде доделен “случај“ со теоретски проблем. Тимовите треба да го најдат најдоброто решение со употребата на нивните аналитички вештини, академско знаење, креативност и нивната способност за соработка со тимот.

Во категоријата Team design  учесниците треба да го решат дадениот проблем со одредени материјали во ограничено време. Оваа категорија ги предизвикува инженерските способности на студентите како и нивната креативност, академско знаење и способност за тимска работа.

Победниците од двата дена ќе имаат шанса да продолжат на регионално ниво во Подгорица, Црна Гора, а тамошните победниците пак натпреварувањето ќе го продолжат на Европското финале кое оваа година ќе се одржи во Белград.